ВМРО-ДПМНЕ: Левица го исценира инцидентот во Собрание во договор со СДСМ и ДУИ

од Vladimir Zorba
327 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти дека инцидентот што го предизвика Левица во Собранието е исцениран и на него гледа како на евтина провидна и договорена драма со ДУИ и СДСМ.

-Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието. Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија. Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) “шамари, клоци и тупаници”, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини