Османи: Се надевам дека Косово набрзо ќе стане членка на ОБСЕ но за тоа ќе биде потребен консензус од сите членки

од Radmila Tasevska
558 прегледи

Се надевам дека Косово набрзо ќе стане членка на ОБСЕ, но за тоа ќе биде потребен консензус од сите 57 земји-членки, и сметам дека тогаш Косово ќе биде во позиција да има пристап до инструментите на организацијата, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на завршната прес-конференција .

Прашан дали за време на претседавањето со ОБСЕ ја посочил Србија за одговорна за територијални претензии кон Косово и поттикнување меѓуетнички тензии и нестабилност на Балканот, Османи ја повтори националната позиција како министер за надворешни работи на Северна Македонија којашто, рече, е недвосмислена.

-Ја имаме признаено Република Косово, бевме домаќини на дијалогот меѓу Косово и Србија во Охрид, од којшто произлезе Охридски договор којшто го сметаме за единствен начин да се оди напред чија цел е да се изнајде сеопфатен договор меѓу Србија и Косово за меѓусебно признавање, и тоа е нашата национална позиција и се уште ја нудиме нашата земја како земја-домаќин, имаме добри односи и со Србија и со Косово, рече Османи.

Имаме искуство со сложени компромиси, додаде тој, и базирано врз тоа искуство ги повикуваме двете земји да го затворат ова отворено прашање, бидејќи тоа стана ранлива точка во регионот „којашто честопати е киднапирана од малигни актери“, и ова е националната позиција што ја застапувам.

-Како претседавач со ОБСЕ бев многу ангажиран во врска со Косово и Србија, Имаме теренски операции како во Приштина, така и во Белград, Имаме пет регионални канцеларии во сите заедници во Косово и ОБСЕ е респектирана меѓународна организација во Косово, како што е во Белград. Ги посетив двете земји за време на нашето претседавање. Предложив план од девет точки за деескалација на Северот на Косово, истакна Османи.

Слични содржини