Американската морнарица интервенираше поради нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Балистички проектили истрелани од јеменските проирански бунтовници Хути погодија три трговски бродови во Црвеното Море во неделата, додека американски воен брод собори три беспилотни летала додека се бранеше од напад кој траеше неколку часа, соопшти американската војска.

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за два напади за кои велат дека претставуваат ескалација на конфликтот на Блискиот Исток предизвикан од војната меѓу Израел и Хамас, пренесува АП.

САД најавија дека „ќе ги разгледаат сите соодветни одговори“ по нападите, особено повикувајќи се на Иран, со кој владее тензија со години поради брзото унапредување на нуклеарната програма на Техеран.

Слични содржини