227
Во Србија денеска се тресеше тлото, двапати во период од два часа. Прво околу 11 часот во околината на Свилајнец, а потоа околу 13 часот во Доњи Милановац.
Според Републичкиот сеизмолошки завод, денеска во 11:08 часот е регистриран земјотрес во градот Марковац, во околината на Свилајнец. Бил со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала, а бил на длабочина од 11 километри. Нов земјотрес уследил во 13 часот и 10 минути во Доњи Милановац со јачина од 1,7 степени.
Да потсетиме, Србија се тресеше и вчера – земјотрес со јачина од 3,6 степени е регистриран во Петровац на Млава, а почувствуван е и во Свилајнец, Крагуевац, дури и во Белград и соседна Бугарија.