Во средата вечерта било провалено во домот на актерот Кијану Ривс од страна на непознати лица со маски за скијање на лицата.
Како што пишува „TMZ“, полициски службеници пристигнале во домот на актерот во Лос Анџелес околу 19:00 часот и не нашле никого на имотот. До такво нешто дошло откако тамошната полиција добила анонимен телефонски повик за можен провалник на имотот на холивудскиот актер.
Но, провалниците се вратиле еден час по полноќ и го скршиле прозорецот од вилата. Во таа прилика му го грабнале пиштолот на Киану, а Ривс наводно во тој момент не бил во куќата.
Истрагата се уште е во тек и засега не се познати повеќе детали.
Ова не е првпат Кијану да биде мета на провалници. Во 2014 година двајца мажи упаднале во неговата куќа, а истата година истото го направиле и неколку девојки, иако тоа биле обожаватели кои упаднале голи, се капеле во неговиот базен, а една седнала во неговата библиотека и го чекала.