Шолц: Силен знак на поддршка за Украина, која заедно со Молдавија припаѓа на европското семејство

од Radmila Tasevska
458 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави вечерва дека договорот на европските лидери за отворање на пристапните преговори со Украина е „силен знак на поддршка и перспектива“ за таа земја и нагласи дека Украина и Молдавија припаѓаат на европското семејство.

„Едно е јасно: овие земји припаѓаат на европското семејство“, рече Шолц на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) по повод одлуката на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и да и додели кандидатски статус на Грузија, соопшти претходно вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Слични содржини