Листата на Вучиќ победи и во Куманово

од Nikola Popovski
291 прегледи

Во Куманово, изборната листа „Србија не смее да запре“ на владеачката СНС освоила 95 отсто според прелиминарните резултати од гласањето за парламентарните избори во Србија, објавија српските медиуми.

Во БиХ, во Дрвар, листата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ освоила дури 92%.

Изборите во 2023 година се одржуваат нешто повеќе од една и пол година по претходните парламентарни, градски и претседателски избори, кои се одржаа на 3 април 2022 година.

Според податоците на српската Републичка изборна комисија (РИК), конечниот број на избирачи со право на глас на парламентарните избори е 6.500.666.

На вонредните парламентарни избори учествуваа 18 изборни листи, чии кандидати се борат за 250 пратенички места во српскиот парламент.

Слични содржини