📽 Неколку лица избодени со нож во воз во Токио

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Четири лица биле избодени со нож кога воз запрел на станица во Токио, јавуваат јапонските медиуми.

Настраданите се пренесени во болница и, како што се знае, нивните животи не се во опасност.

Осомничената е жена на 20-годишна возраст, која е видена како држи нож во возот, а подоцна е приведена, соопштија властите.

Инцидентот се случил на една од најкористените рути во јапонската престолнина, а сообраќајот на предметниот воз накратко бил во прекин.

Патниците во возот веднаш ги активирале копчињата за итни случаи поставени во вагонот и на платформата на станицата Акихабара кога возот пристигнал, а персоналот на станицата повикал полиција околу 22.55 часот по локално време.

Осомничената била совладана од патници во возот и предадена на полицијата, додаваат од полицијата.

Жената била уапсена и, според новинската агенција „Кјодо“, го признала тоа што го направила, велејќи дека „имала намера да убие некого“, соопшти полицијата.

Слични содржини