„ДУИ ги гледа институциите како алатка за тендери, кои редовно ги добиваат нивни блиски фирми, а парите неретко завршуваат и во самата партија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ утрово.
„Ден 239 од 2023 година, Бујар Османи од ДУИ, преку МНР и дава тендер од 1.8 милиони евра на Еуровиа донатор на ДУИ.
Во јуни месец 2023 година, Ејуп Рустеми од ДУИ како директор на Јавното претпријатие за државни патишта и дава тендер на истата Еуровиа, донатор на ДУИ од 1.9 милиони евра, за чистење канавки и кресање банкини по автопат.
За ДУИ работи и СДС. Спасовски на истата Еуровиа и дал тендер од над 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром.
Спасовски го следи и Шукова, која преку министерството за животна средина на Еуровиа и дала над 1 милион евра за регулација на одводен канал во Арачиново.
За само една година, само во 2023 година од институциите со кои раководи ДУИ и СДС донаторот на ДУИ добил скоро 7 милиони евра тендери.
Од Еуровиа во ДУИ, од ДУИ преку институциите за Еуровиа. Смрди на криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, додаваат оттаму.