Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди Грција

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на Арголскиот залив во Грција.

Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот на земјотресот кој се случи во 07:21 часот по локално време бил на 16 километри северозападно од Леонидио на Пелопонез, на длабочина од 14,5 километри, пренесува „Катимерини“.

Земјотресот бил почувствуван и во Атика, а засега нема информации за материјални штети или повредени.

Слични содржини