Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го посети Киев, но под услов Трамп да ја прекине војната со Русија во рок од 24 часа, како што еднаш вети.
Зеленски во интервју за британскиот канал „Канал 4 њуз“ рече дека Трамп може да го посети Киев доколку може да ја прекине војната за 24 часа, додавајќи дека сака да знае каква формула има поранешниот американски претседател за ставање крај на војната, пренесе „Политико“.
Порталот наведува дека Трамп изјавил дека, доколку стане претседател, може веднаш да ја прекине војната со влијание врз Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин да се договорат за спогодба, наведувајќи дека има добри односи со двајцата лидери.