Ракетирана коалициска база во западен Ирак

од Radmila Tasevska
310 прегледи

Десетина проектили беа истрелани денеска врз воена база што ја користат коалициските сили предводени од САД во западен Ирак, јавија американски медиуми  повикувајќи се на извори од американската одбрана и претставник на ирачката полиција.

Ракетите ја погодија воздухопловната база Ал Асад во ирачката провинција Анбар, изјави американскиот официјален претставник кој сакаше да остане анонимен. Во моментот штетата се проценува и првичните извештаи сугерираат дека припадник на ирачките безбедносни сили е тешко ранет, јавија американски медиуми.

Слични содржини