Пожар во трговски центар во Белград, на граѓаните им е препорачано да носат заштитни маски

од Stefanija Kuzmanovska
714 прегледи

Голем пожар утринава го зафатил Кинескиот трговски центар во Нов Белград. Истиот е локализиран по четири и пол часа, нема жртви и повредени, но поради екстремното загадување на воздухот на граѓаните им е препорачано да носат заштитни маски, пренесе „Индекс“.

Во гаснењето на пожарот учествувале десетици пожарникари, а за првпат беа употребени и хеликоптери за гаснење на пожарот во центарот на градот.

Раководителот на Секторот за вонредни состојби Лука Чаушиќ соопшти дека пожарот е ставен под контрола.

„Спасивме значителен број продавници кои се од другата страна на центарот, хеликоптерите направија значајна работа, но беше голем предизвик да се спречат сопствениците на дуќаните да влезат за да го спасат имотот“, изјавил Чаушиќ за белградските медиуми.

Додал дека со оглед на околностите акцијата била успешно спроведена бидејќи немало жртви и повредени.

Истрагата ќе покаже што довело до овој пожар, а причината се сомнева дека е плинска боца во ресторан за брза храна во внатрешноста на трговскиот центар.

Слични содржини