Вртоглава цифра: Продадени патиките на Мајкл Џордан од сезоната „Последниот танц“

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Комплет од три пара патики Air Jordan кои ги носеше Мајкл Џордан за време на финалето на НБА во 1998 година, продадени за 8 милиони долари на аукција во Њујорк, поставувајќи нов светски рекорд на аукција за патики кои се носени на официјални натпревари, објави денеска аукциската куќа „Сотби“.

Продадените патики се вториот најскап предмет или парче лична сопственост на Џордан што е продадено на аукција, пренесува „Ројтерс“.

„Денешната рекордна цена е доказ за тоа кој е G.O.A.T. (Најголемиот на сите времиња). Навистина неспоредлив момент и пресвртница во историјата на аукциите, продажбата на овие шест патики веројатно никогаш повеќе нема да се повтори“, изјави шефот на аукциската куќа „Сотби“, Брам Вахтер.

Најскапиот предмет што го користел Мајкл Џордан кој бил продаден на аукција останува дресот што го носел за време на финалето на НБА во 1998 година, односно во познатата сезона „Последниот танц“.

Тој дрес беше продаден за 10,1 милиони долари во септември 2022 година.

Слични содржини