139
На 04.02.2024 околу 19.00 часот во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
Мигрантите бил сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.