Луфтханза од среда во штрајк, можни сериозни откажувања и одложувања на летови

од Stefanija Kuzmanovska
557 прегледи

Сидникат „Верди“ го повика копнениот персонал на германската авиокомпанија „Луфтханза“ на штрајк во среда, што ќе влијае на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф, објави денеска портпаролот на синдикатот, објави агенцијата ДПА.

Целиот копнен персонал, од одржување до испраќање патници и подготовка на авиони, е повикан и се можни сериозни откажувања и одложувања на летови.

Штрајкот е реакција на тековните колективни преговори за плати за околу 25.000 вработени во „Дојче Луфтханза“, „Луфтханза техника“, нејзиниот карго оддел и во други делови во компанијата.

Синдикатот ја одби понудата на работодавачите во вториот круг преговори на 23 јануари, оценувајќи дека предложеното зголемување на платите е мало, а следната рунда преговори е закажана за 12 февруари.

Компанијата „Луфтханза“ најави и дека очекува штрајкот да има сериозни последици и дека вонредниот распоред на летови ќе погоди повеќе од 100.000 патници.

Шефот за човечки ресурси на „Луфтханза“, Мајкл Нигеман, рече дека предупредувачкиот штрајк, кој треба да трае 27 часа, ги погодува патниците.

Слични содржини