163
Вкусен солен ролат кој брзо се подготвува.
Состојки:
– тесто за пица
– 1 голема тиквичка
– кашкавал
– сланина
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и отстранете ја вишокот течност од нив. Потоа исечете го тестото за пица во правоаголна форма и ставете ја сланината, изренданите тиквички и на крај парчињата кашкавал.
Завиткајте и ставете во замрзнувач 15 минути. Исечете ги на прстени и наредете ги во плех на кој претходно сте ставиле хартија за печење и печете ги на 180 степени целзиусови 30 минути.