📸Кожениот фустан навистина може да биде гламурозен; имаме повеќе од добар доказ

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Доделувањето на Brit Awards во Лондон се претвори во вистинска модна ревија, а меѓу најзабележителните гости беше Британката со косовски корени, музичарката Дуа Липа, која за оваа прилика носеше впечатлива креација на италијанската модна куќа Версаче.

Пејачката која сака да носи комбинации кои и се додворуваат на нејзината фигура, се одлучи за заводлив фустан од црна кожа со големо деколте, а стајлингот, кој како да е создаден за неа, дополнително го надгради со внимателно одбран накит – сребрен ѓердан и нараквица.

Таа ја носеше својата темноцрвена коса пуштена со додаток на шишки додека нејзината шминка беше драматична.

Покрај неа, на овој настан присуствуваа и Ели Гулдинг, Кајли Миног, Ешли Робертс, Маја Џама, Исла Фишер, Аби Кленси и други.

Дури 98 музичари годинава се натпреваруваа за престижната награда, британската „Греми“, која е дизајнирана од британската визуелна уметница и сликарка Рејчел Џонс.

Слични содржини