Нови услови за германски пасош: Не сте Германец ако не знаете како се вика еврејското место за молитва

„Германија бара признавање на правото на Израел да постои додека Израел води геноцидна војна во Газа“, вели угледниот еврејско-американски научник и активист, Норман Финкелштајн.

од Бети Божиноска
234 прегледи

Германското Министерство за внатрешни работи планира да вклучи прашања за Израел во тестот на знаење што мора да го положат странците за да добијат германско државјанство, пишува германски „Шпигел“.

Изменетиот тест ќе вклучува прашања како што се: ‘Како се вика еврејското место за молитва’, ‘кога е основана државата Израел’ и ‘кои се одговорностите на Германија кон таа еврејска земја?’

Меѓу прашањата се и како се казнува негирањето на Холокаустот во земјата и кој може да биде член на речиси 40-те еврејски спортски клубови „Макаби“.

„Германија ќе го промени тестот за барателите на државјанство, додавајќи нвоа тестовите прашања за Холокаустот, јудаизмот и за историјата на Израел. Германското злосторство против човештвото, Холокаустот, ни дава посебна одговорност да ги заштитиме Евреите и државата Израел,“ истакна германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер, истакнувајќи дека „таа одговорност е дел од нивниот сегашен идентитет“.

Германската министерка истакна дека секој што сака да стане Германец мора да знае „што значи тоа и да ѝ се посвети на таа одговорност“ зашто, во спротивно, „нема да може да добие германски пасош“.

Таа додаде дека „антисемитизмот, расизмот и другите форми на презир кон човештвото“ ја исклучуваат натурализацијата.

Водечки политички експерт претходно изјави дека новиот германски закон со кој се бара од имигрантите да го признаат правото на постоење на Израел како услов за стекнување државјанство е обид на Берлин да „се оправда“ за своето брутално нацистичко минато по цена на животи на Палестинците, пишува „ТРТ“.

„Германија бара признавање на правото на Израел да постои додека Израел води геноцидна војна во Газа“, вели угледниот еврејско-американски научник и активист, Норман Финкелштајн.

Нацрт-законот наведува дека „обидот за стекнување со германско државјанство зависи од заложбата за правото на Израел да постои и од изјавата дека барателот за натурализација дека не се стремел или нека да се стреми кон какви било напори насочени против постоењето на државата Израел“.

Според Финкелштајн, воената поддршка на Германија за Израел, во светло на законот, покажува дека таа е подготвена да го поддржи неприфатливиот двоен стандард, имено дека е дозволено Израел да им згреши на Палестинците, но не и Германците да се спротивстават на тоа.

 

 

Слични содржини