Челзи е подготвен да го продаде Мудрик, во редот веднаш застанаа два гиганти од Англија и Италија

од Симе Стоиков
251 прегледи

Украинецот Михајло Мудрик од лето би можел да биде во нов клуб. Иако не пристигна толку одамна, Челзи веќе е подготвен да го продаде, а има два тима кои се заинтересирани.

Тој беше донесен во јануари 2023 година за 70 милиони евра од Шахтјор. Тимот од Доњецк собра голема сума на пари, но Михајло Мудрик никогаш не ги оправда вложените пари и се чини дека челниците на клубот го губат трпението.

Михајло Мудрик постигна само шест гола на 53 натпревари за сините во сите натпреварувања. Јасно е дека тие перформанси се многу слаби.

Без разлика, интерес за него постои. Имено, Арсенал и Јувентус би сакале да го видат во своите редови.

Двата тима ја разгледуваат можноста за едногодишна позајмица. Челзи го гледа тоа како шанса за Мудрик да се развива и да игра, но тие попрво би го продале.

Украинецот има договор со Челзи до летото 2031 година. Неговата моментална вредност се проценува на само половина од сумата што му била платена, 35 милиони евра.

Слични содржини