216
Официјално до нас нема пријавени изборни нерегуларности. Ако добиеме дополнително ќе известиме. Сега треба да дојде до затворање, па евентуално ако има приговори, па потоа да ги примиме записниците од гласањето и да видиме дали има неправилности, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски одговоарајќи на новинарски прашање за тоа дали до нив се стигнати пријави за нерегуларности на изборниот ден.
На последната прес-конференција, ДИК информира дека излезноста на претседателските избори е 42,32 %, што значи дека е постигнат цензус и Македонија ќе добие претседател после денешниот изборен ден.
За цензус на претседателските избори, потребна е излезност од 40 отсто.