ДИК ја соопшти излезностa: 53,50% за парламентарните и 46,31% за претседателските избори

од Nikola Popovski
690 прегледи

На претпоследната прес-конференција Државната изборна комисија, претседателот Александар Даштевски информира дека до самото завршување на гласањето до 19 часот, одзивот на претседателските избори изнесува 46,31% или 767.715 гласачи, со што е исполнет цензусот за избор на претседател на државата.

Најголема излезност има во Новаци, а најмала во Липково.

Во однос на парламентарните избори, излезноста до 19 часот изнесува 887.767 односно 53,50%. Најголема излезност има исто така во Новаци, а најмала во Центар Жупа.

Даштевски истакна дека на неколку места како во Зелениково, Гази Баба, Центар и во Кочани ќе има продолжување на времето за гласање, поради претходни технички проблеми.

Следната прес-конференција на ДИК е во 23 часот и 30 минути.

Слични содржини