Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, огромен метеж беше забележан на граничните премини Табановце и Богородица. Според снимките од видеокамерата на Јавното претпријатие за државни патишта, забележливи беа колони возила кои чекаа да ја напуштат државата. На Табановце пак се чекаше за влез во земјава, која за српските туристи е транзит држава до Грција.
Според МВР, во периодот од 10:00 часот завчера до 10:00 часот вчераутро, на ГП Богородица за влез во Македонија се пријавиле вкупно 3.444 патници.
Вкупно 12.394 граѓани се пријавиле за излез од Македонија, а вкупниот број на граѓани на дозволи за влез и излез е 15.838.
Продолжениот викенд голем број граѓани од Србија и Македонија го користат за посета на плажите во соседна Грција.
Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце за излез од државата се чекало најмалку половина час,при што сите ленти се во функција. На ГП Богородица пак, евидентно бил зголемен метежот на возила за излез од земјава.
Метеж се очекува и во недела вечерта кога туристите ќе се враќаат од продолжениот викенд.