ДИК ќе одлучува за приговорот на ДУИ во Желино

од Nikola Popovski
310 прегледи

Државната изборна комисија најдоцна денеска до 19 часот треба да донесе одлука за приговорот поднесен од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ. Доколку приговорот биде одбиен, постои законска можност за поднесување тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, кој, пак, треба конечната одлука да ја донесе за 48 часа.

Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце, во општина Желино. На прегласувањето во средата на 22-ри мај, токму на избирачкото место во Желино, коалицијата ВЛЕН доби пратенички мандат на сметка на Европскиот фронт.

„Во изборната единица 6, коалиција ‘Европски фронт’ има освоено вкупно 53 731 глас, односно осум мандати, а коалицијата ‘Вреди’ 47 849 гласа или осум мандати“, соопшти во средата претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Со неофицијалните резултати, ДУИ сега има 18 пратенички места, а ВЛЕН со добиениот плус еден 14 народни избраници. СДСМ исто така остана на 18, а ВМРО – ДПМНЕ останува на 58 освоени мандати во идниот парламент кој се очекува да се конституира следната недела. ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица на Димитар Апасиев освоија по 6 мандати за следниот собраниски состав.

Утре ќе се одржи конститутивната седница со новиот собраниски состав, за во кој ВМРО-ДПМНЕ вели дека имаат консолидирано 61 пратеник. Новата влада се очекува да биде формирана до 20-ти јуни.

Слични содржини