905
Енцо Мареска ќе биде нов менаџер на Челзи! Бројни извори од Островот потврдија дека Мареска и Челзи се договориле за двегодишна соработка со можност за продолжување на уште една сезона.
Мареска го усоврши својот занает како помошен тренер под водство на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити во сезоната 2022/23, откако претходно раководеше со У-23 тимот на „Граѓаните“. Во 2021 година кусо време ја водеше и Парма, но не остана долго.
Минатото лето Лестер реши да го доведе и тоа се покажа како вистински потег. Мареска експресно ги врати „лисиците“ во Премиер лигата, а неговиот тим одигра импресивен напаѓачки фудбал.
Официјалната потврда од клубот се очекува да пристигне наскоро, кога Лестер ќе ја прифати паричната компезација, која засега е непозната.