Хрватска ќе ја пречека Македонија пред полни трибини во Риека

од Nikola Popovski
927 прегледи

Хрватската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Македонија на 3-ти јуни од 19 часот на стадионот „Рујевица“ во Риека, како дел од подготовките за Европското првенство во Германија.

Сите достапни билети за пријателскиот натпревар се распродадени, јавува ХРТ.

Популарните „Ватрени“ ќе играат против нашите репрезентативци на 3 јуни, додека пет дена подоцна имаат генерална проба со еден од фаворитите на ЕП, Португалија.

Покрај Хрватска, Македонија ќе одигра пријателски натпревар и против Чешка на 10-ти јуни во Храдец Кралове.

Познато е дека селекцијата ќе биде ослабена со неиграњето на капитенот Енис Барди кој отпадна поради повреда.

Слични содржини