„Дали ми се гледа целулитот?“: Дури и една од најубавите жени на светот има проблем со самодовербата

од Nikola Popovski
43,8K прегледи

Софија Вергара откри дека била загрижена како ќе изгледа нејзиното тело на екранот додека ги снимала сцените за серијата „Гризелда“.

„Мислам дека никогаш не сум имала секс сцена“, рекла таа за време на настанот „Netflix FYSEE“, пренесува „The Sun“.

„Бев загрижена дека ќе изгледам ужасно. Си помислив: „Каде ме снимаат? Целулитот? Од страна? Ах, претпоставувам дека сум доволно добра. Тоа ме загрижи и ме држеше будна“, искрено изјавила Вергара.

Актерката, која е и член на жирито на познатото натпреварување „America’s Got Talent“, изјавила дека не би се грижела за тоа како изгледа нејзиното тело на 30 години, но сега има 51 година.

Да потсетиме, во минатото Вергара, ѕвезда на серијата „Модерно семејство“, истакнуваше дека ќе се подложи на секоја постоечка пластична операција.

„Ќе ги направам сите можни пластични операции кога ќе бидам подготвена“, изјавила таа неодамна за списанието „Allure“, додавајќи дека веќе би почнала со пластична операција, само да има време да се опорави. Сепак, поради згуснатиот распоред се уште не се одлучила за таков потег.

Слични содржини