Можно е повторно воведување на средно полициско образование

од Nikola Popovski
67 прегледи

Вчера на владината седница била разгледана можноста за враќање на средното полициско образование. Ова доаѓа откако Министерството за внатрешни работи предложило информација во врска со реформски процес во областа на обуката, односно образованието на кандидатите за полицаец.

-Се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование кое има соодветни предности во однос на досегашните деветмесечни курсови за ангажирање на нови полицајци, стои во соопштението од владината прес-служба.

Покрај општите услови наведени во последниот оглас на МВР во 2023 година, за прием на нови полицајци, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност, а во потребната документација како доказ за исполнување на потребните услови за работното место се извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование и две фотографии (3,5 см х 4,5 см), како и своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

По спроведената постапка за селекција, која опфаќа административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути  и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), потоа тест за интегритет и психолошки тест, општо-образовен тест, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Слични содржини