Град Скопје: Мицкоски да ги вразуми советниците и да помогне во деблокирање на процесите во градот

од Илинка Илиоска
29 прегледи

Град Скопје го позрдави ставот на премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи надеж дека неговата поддршка е искрена и дека ќе помогне во деблокирање на процесите во градот.

Во изјавата, градот апелира до премиерот да ги повика советниците во Советот на Град Скопје да престанат со инаетот и веднаш на следната седница да ја изгласаат програмата за работа на „Комунална хигиена“, која веќе седум месеци е во застој.

„За прв пат во 30 години, ‘Комунална хигиена’ во Скопје нема програма за ангажирање на сезонски работници, што е резултат на упорниот инает на советниците од мнозинството,“ изјавија од Град Скопје.

Градот, исто така, апелира до Мицкоски да ги вразуми советниците да го изгласаат и планот за набавка на нови еколошки автобуси. Во соопштението, се истакнува дека премиерот, сега кога има апсолутна власт, треба да ги одблокира јавните претпријатија кои беа блокирани од членовите на Управните одбори од неговата партија.

„Доколку е потребно, Град Скопје е подготвен да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата, со единствена цел – граѓаните на Скопје да добијат град каков што заедно градоначалничката Арсовска и премиерот Мицкоски ветија во 2021 година,“ се вели во изјавата.

Слични содржини