Оние кои уживаат да читаат хороскопи и да ги следат движењата на планетите знаат дека пред неколку дена започна владеењето на Девицата. За оние кои не се разбираат во астрологија или за оние кои ќе станат родители во периодот до 22 септември, ќе биде интересно да прочитаат што можат да очекуваат од својата мала Девица.
Одговорна и педантна
Ако мислите дека детето Девица повеќе се однесува како возрасен отколку како дете, немојте да се чудите – децата родени во овој знак се многу одговорни, прецизни, се грижат за своите постапки, сакаат да имаат обврски, а нивниот перфекционизам и педантност веќе се манифестираат.
-Доколку другите деца трчаат во езерца по дождот, тоа сигурно нема да го направи детето Девица, бидејќи тоа за него е неприфатливо – велат светските астролози.
Сакаат внимание и избираат пријатели
Што се однесува до чувствата, Девиците често заземаат одбранбен став, избегнувајќи посилни изливи на емоции, а сето тоа од страв да не дојдат во ситуација да не им биде возвратено и да страдаат поради тоа. Затоа, на малата Девица подарете многу внимание и љубов. Иако изгледаат ладно, тие го сакаат пријателството. За разлика од некои знаци кои имаат огромен круг на луѓе околу себе, Девиците имаат само неколку посебни пријатели. Причината за тоа главно лежи во нивната потреба да ги анализираат работите, вклучително и животот на своите пријатели, и постојано да бараат некој проблем што треба да се реши.
Детето Девица е лојално, со голема потреба да ги советува и помага другите. Станува збор за независно дете кое ги слуша своите родители и сака да се дружи со други деца, но не и да ги следи во сите нивни пакости.
Тие секогаш вклучуваат логика
Се воодушевува од мозаици, игри со конструкции, сè што се реди, спојува, класифицира и собира. Сите игри кои бараат негов логичен ум се добредојдени. Ова дете ќе биде доста надарено со вештини како пинг-понг, фудбал, тенис, но е повеќе од интелектуален тип.
Со Девиците владее Меркур
За оние кои не знаат, Девицата е управувана од планетата Меркур и луѓето родени во овој знак знаат и сакаат да си играат со зборовите. Тие можат да бидат добри политичари, но уште подобро ако се свртат кон уметноста и се реализираат како писатели, поети… Девицата ќе успее во секој бизнис каде што правилата се јасно дефинирани.