Најдобрите македонски фудбалери одиграа само 1-1 во Торшавн против Фарски Острови на почетокот на новото издание во Лигата на нации. Катастрофално прво полувреме, привидна доминација во второто, по еден гол од пенал, и по неколку промашени зицери на двете страни е епилогот на дуелот во Торшавн.
Домашните поведоа во деветтата минута преку Едмундсон од белата точка.
Нашите тргнаа многу офанзивно во вториот дел и израмнија во 49. минута, кога Барди беше прецизен, исто така од белата точка.
Од тој момент ние бевме подобрата репрезентација на теренот, Чурлинов одново влезе во 100% прилика, но сега од непосредна близина неговиот удар го одбрани Рејнатрод. Со удар се закани и Миовски кој потоа во улога на асистент одлично го пронајде Ќамили, но фудбалерот на дански Сондерјиске шутираше лошо над голот.
Во продолжение на иницијативата на македонските фудбалери, двете страни имаа по неколку шанси, но резултатот не се менуваше.
Македонија нема победа на меѓународен натпревар во 2024 година, а за споменување е што нема победа на ниту еден од последните шест натпревари на кои прими 13 гола. Селекторот на „лавовите“ Благоја Милевски има тешка задача да го крене тимот со оглед на тоа што Македонија загуби на осум од последните девет гостувања.
За само три дена не очекува меч со многу посилната Ерменија во Скопје.