34
Италијанското обвинителство побара шестгодишна затворска казна за десничарскиот заменик на италијанскиот премиер Матео Салвини, бидејќи додека беше министер за внатрешни работи спречил симнување на мигранти во италијанско пристаниште во 2019 година.
„Обвинителите побараа поранешниот министер за внатрешни работи Салвини да биде осуден на шест години затвор“, изјави адвокатот на организацијата „Отворени раце“ Артуро Салерни по сослушувањето во саботата, јавуваат денеска француските медиуми.
Пресудата во судскиот процес против Салвини, кој започна во октомври 2021 година, би можел да биде изречена следниот месец, пренесува денеска францускиот весник „Фигаро“.