Села бара интервенција на меѓународниот фактор: Немаме механизми за одговорност на уставните судии

од Nikola Popovski
19 прегледи

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, преку прес-конференција го повика меѓународниот фактор, како што рече, да интервенира во овие политички под влијание тенденции и дејствија кои можат да имаат последици за граѓаните на Македонија.

-Aпелирам до меѓународниот фактор, особено до гарантите на Охридскиот договор, САД и ЕУ, да интервенираат во овој тренд и одлука под влијание на политиката за да се запрат плановите кои можат да имаат лоши последици за граѓаните на Македонија. Скандалозно е изјавата од Уставниот суд дека имало временска правична застапеност. Немаме механизми за кои ќе бараме одговорност од овие уставни судии. Ова не е одлука на стручни судии, рече Селa на прес-конференција во Собранието по повод одлуката за укинување на балансерот од страна на Уставниот суд.

Села постави и прашање до претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

-Уставните судии кои гласаа за укинување на етничката припадност – кое е чувството за вашите новородени деца за етничка припадност? Имаат ли тие чувства? Со кое право, ако го немаат тоа чувство, им наметнуваш јазик со сила? Нашиот поглед е дека секој има етничка припадност. Тоа е родова припадност на секое дете. Се удира врз овие теми и прашања, кажа пратеникот.

Слични содржини