Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Г.(36) од Скопје.
Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот.
Како што дозна Локално, сторителот по етничка припадност е Македонец. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На крајот на септември, во населбата Драчево во скопската општина Кисела Вода исто така, се случи ваков инцидент.
Полицијата постапува по пријава за оштетување на иконата на Исус во Драчево
Локално летово пишуваше и за друг случај на вандализам во Кисела Вода, каде што фасадата на една зграда во близина на Домот за слепи лица беше исцртана со пораки полни со етничка омраза и партиски симболи. До денес, фасадата сè уште не е префарбана.
И.И.