27
Британскиот крал Чарлс и кралското семејство не објавуваат список со официјални подароци веќе четири години и покрај ветувањата дека ќе го сторат тоа, објавија денеска британските медиуми.
Кралското семејство ветило дека ќе објави список со сите подароци по неколку контроверзни случаи, објави лондонски „Гардијан“.
Имаше неколку скандали околу примањето пари како подароци, а истрагата за главната добротворна фондација на кралот беше прекината минатата година без детално известување до Скотланд Јард и кралското обвинителство.