Трамп инсистира на воведување царини. Дали тоа ќе започне глобална трговска војна?

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Доналд Трамп за време на неговата кампања вети дека ќе воведе даноци за сите стоки увезени во САД доколку повторно ја освои Белата куќа. По неговата победа, компаниите и економистите ширум светот набрзина се обидуваат да проценат колку е сериозен.

Во минатото, Трамп таргетираше со царини поединечни земји, како што е Кина, или одредени индустрии, како што е челикот.

Сепак, неговото предизборно ветување дека ќе воведе данок од 10% до 20% за сите странски стоки може да влијае на цените ширум светот.

„Европејците ќе мора да платат голема цена“

Минатиот месец тој конкретно ја спомена Европа.

„Европската унија звучи толку убаво, толку прекрасно, нели? Сите овие мали европски земји се здружуваат… Тие не ни ги земаат автомобилите. Не ги земаат нашите земјоделски производи“, рече тој.

„Тие продаваат милиони и милиони автомобили во САД. Не, не, не, тие ќе мора да платат голема цена“, додаде.

Акциите на BMW, Mercedes и Volkswagen паднаа меѓу 5% и 7% по потврдувањето на победата на Трамп. САД се најголемиот извозен пазар за германските производители на автомобили.

За време на кампањата, Трамп рече дека царините се решение за голем број проблеми, вклучително и сузбивање на Кина и спречување на илегалната имиграција.

Г7: Идејата не е да се започне трговска војна

„Царина е најубавиот збор во речникот“, рече тој. Тоа е оружје кое очигледно има намера да го употреби, пишува Би-Би-Си.

Иако голем дел од оваа реторика е насочена кон Кина, таа не завршува тука.

Некои јурисдикции, како што е ЕУ, веќе подготвуваат списоци со превентивни одмазднички мерки против САД, откако претходно не ги сфатија сериозно заканите на Трамп за царини, кои тој подоцна ги воведе.

Министрите за финансии на Г7 минатата недела изјавија дека ќе се обидат да ја потсетат Америка под водство на Трамп за потребата од сојузници во светската економија бидејќи „идејата не е да се започне трговска војна“.

„Самите американски царини не се инфлаторни во Европа, но се зависи од тоа како Европа ќе одговори“

Во минатото, ЕУ воведе царини за култни американски производи како што се мотоциклите Харли Дејвидсон, бурбон вискито и фармерките Левис како одговор на американските царини за челик и алуминиум.

Висок банкар од еврозоната изјави за Би-Би-Си дека американските тарифи „не се инфлаторни во Европа, но се зависи од тоа како Европа ќе реагира“.

Минатиот месец ММФ рече дека големата трговска војна би можела да ја погоди светската економија за 7%, колку што е заедно француската и германската економија.

За британската влада се поставуваат важни прашања за тоа каква позиција треба да заземе Обединетото Кралство по Брегзит во можна, ако не и сигурна, трансатлантска трговска војна.

Насоката на Велика Британија досега беше да се приближи до ЕУ, вклучувајќи ги и стандардите за храна и земјоделство. Ова ќе го отежне постигнувањето близок трговски договор со САД.

Администрацијата на Бајден не беше заинтересирана за таков договор.

Влијателниот главен трговски преговарач на Трамп, Боб Лајтхајзер, дури рече дека претпоставката дека Британија ќе остане блиску до ЕУ го спречила да го турка договорот.

„Тие се многу поголем трговски партнер од нас“, изјави тој во интервју за Би-Би-Си.

Велика Британија може да се обиде да остане неутрална, но тешко ќе избегне вкрстен оган, особено во фармацевтската трговија и трговијата со автомобили.

Реториката на британската влада сугерира дека можеби ќе се обиде да биде миротворец во глобалните трговски војни, но дали некој ќе слуша?

Британија би можела да избере страна, обидувајќи се да се ослободи од поопштите царини на Трамп.

„Вака започнуваат сериозни трговски војни“

Дипломатите се охрабрени од попрагматичните економски советници на новоизбраниот претседател кои сугерираат дека пријателските сојузници може да добијат подобар третман.

Или светот би имал поголема корист доколку Велика Британија се врати во ЕУ за да спречи воведување такви трговски тарифи?

Ако најголемата светска економија се сврти кон масивен протекционизам, ќе биде тешко да се убедат многу помали економии да не го следат истиот пат.

Сето ова е сè уште неизвесно. Предупредувањата на Трамп може да се сфатат буквално. Ништо не е сигурно, но вака започнуваат сериозни трговски војни, заклучува Би-Би-Си.

Слични содржини