Лондон ќе споделува разузнавачки информации со Скопје во борбата против шверцерите на мигранти

од Nikola Popovski
13 прегледи

Велика Британија ќе потпише договори со С. Македонија, Србија и Косово за спречување на бандите на шверцери на мигранти, соопшти Владата во Лондон.

Целта на тие партнерства, од ист вид како она што Лондон го склучи со Албанија на крајот на 2022 година, е „да се зголеми размената на разузнавачки информации и да се пресретнат криминалните шверцерски банди“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

„Во текот на 2023 година, речиси 100.000 мигранти поминале низ Западен Балкан, што го прави „важна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во ЕУ или Велика Британија“, се додава во соопштението.

Британскиот премиер Кир Стармер денеска е на самитот на Европската политичка заедница во Унгарија, каде на дневен ред е и нерегуларната имиграција.

Околу 31.535 мигранти пристигнале илегално во Велика Британија од јануари, преминувајќи го Ла Манш со импровизирани чамци, повеќе отколку во цела 2023 година. Најмалку 60 луѓе загинале оваа година.

По излегувањето од Европската унија, Велика Британија го загуби пристапот до базите на податоци како што е „Eurodac“, кој содржи отпечатоци од прсти на баратели на азил и мигранти кои пристигнуваат во ЕУ и Шенгенскиот информациски систем (SIS) за бараните, исчезнатите или илегално пристигнатите лица.

Слични содржини