Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, одлучи да ја номинира Кимберли Гилфојл, наводната свршеница на синот на Доналд Трамп помладиот, за амбасадор во Грција. Ситуацијата дополнително се искомплицира со тоа што претходно Доналд Џуниор беше виден како се држи за рака со Бетина Андерсон.
Трамп на мрежата „Truth Social“ објави дека Кимберли Гилфојл е номинирана за амбасадор во Грција.
Објавата дојде еден ден откако Дејли Мејл доби фотографии од Доналд Џуниор и Бетина Андерсон како се држат за раце за време на ноќна прошетка низ Палм Бич, каде што изгледаше дека го прославуваат неговиот роденден.
LIKE FATHER….LIKE SON
Don Jr is just like Daddy, a cheating, womanizing, disrespectful adulterer. While still engaged to Kimberly, he publicly flaunts his fling with the new lady in his life. Trump & son have no respect for women & their sense of entitlement is repugnant! pic.twitter.com/20pIaDQ1WI— Padrat (@Padrat2) December 11, 2024
Во објаснувањето на својата одлука, новоизбраниот претседател на Америка рече дека Кимберли Гилфојл е „близок пријател и сојузник“ веќе „многу години“.
Тој изјави дека поранешната водителка на „Фокс њуз“ е „совршено погодна за поттикнување силни билатерални односи со Грција, унапредување на интересите за прашања кои се движат од одбранбена соработка до трговски и економски иновации“.
„Нејзиното долгогодишно искуство и лидерство во правото, медиумите и политиката, заедно со нејзиниот остар интелект, ја прават исклучително квалификувана да ги претставува Соединетите држави и да ги заштити нивните интереси во странство“, рече тој.
Гилфојл и Доналд Џуниор првпат почнаа да се забавуваат во 2018 година, по неговиот развод од поранешната сопруга Ванеса, со која беше во брак 12 години.
Зборувајќи за нејзината романса со Доналд Џуниор за списанието Метрополитен Палм Бич, Гилфојл, која претходно беше во брак со гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, рече дека почувствувала инстантна привлечност на нивниот прв состанок.
– Всушност, од таа вечер сме заедно, среќни до крајот на животот. Едноставно кажано, јас и Дон совршено се совпаѓаме. На многу начини сме слични и на други начини убаво се надополнуваме. Ја делиме истата внатрешна страст и борбеност – рече таа.
Сепак, во септември, извори за магазинот People изјавија дека парот, наводно, поминува многу време разделени.
Сега не е познато дали Доналд Џуниор и Кимберли Гилфојл се уште се верени.