12
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (63) од Гостивар.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.
Имено, на 27.11.2024, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот со моторна пила упатувал закани по животот на неговата сопруга.