СДСМ: Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да си поднесе оставка

од Vladimir Zorba
20 прегледи

„Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби“, соопштија од СДСМ.

„Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да си поднесе оставка.

На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.

Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија“, додаваат од Бихаќка.

Слични содржини