Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, ја информираше јавноста дека нема да присуствува на инаугурацијата, која ќе се одржи во понеделник на 20 јануари. Ова отсуство ќе биде втор ваков настан, бидејќи таа го прескокна и погребот на Џими Картер претходно овој месец.
Најавата дека Мишел, која беше прва дама од 2009 до 2017 година, нема да биде на инаугурацијата, предизвика шпекулации на социјалните мрежи за нејзиниот можен развод од Барак Обама по 33 години брак.
„Чувствувам како да се разведуваат“, „Јасно е дека разводот е на повидок, престанаа да доаѓаат заедно на настани“, „Таа не сака да биде околу него“, коментираат некои корисници на Х.
Сепак, има и такви кои имаат поинакво мислење.
„Не знам ништо за нивниот брак, но мислам дека Мишел Обама испраќа јасна политичка порака со ова отсуство. Таа не би го искористила погребот на Џими Картер за да објави развод. Ајде да бидеме малку почувствителни“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Мишел тагува за загубата на својата мајка. Покрај тоа, таа не е политичка фигура и сите решивте да верувате на ТикТок за нејзиниот развод со Барак бидејќи таа не отиде на погребот и нема да присуствува инаугурацијата на „криминалецот“.
Мишел и Барак се запознале во 1989 година, во брак се од 1992 година и имаат две ќерки, пренесува Showbuzz.