Измамникот кој го имитираше Бред Пит сега го користи идентитетот на Кијану Ривс

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Нигериски измамник кој претходно измамил Французинка од 800.000 евра преправајќи се дека е актерот Бред Пит, сега се претставува како холивудскиот актер Кијану Ривс.

Измамникот користел лажни фотографии генерирани од вештачка интелигенција и романтични пораки за да ја добие довербата на своите жртви, меѓу кои била и 53-годишната Ана, дизајнерка на ентериер од Франција, пишува британски „Сан“.

Ана му испратила големи суми пари на измамникот, верувајќи дека го финансира лекувањето на ракот на Пит. Тој користел слики од холивудската ѕвезда во болнички кревет, како и лажни лекари кои ја информирале Ана за наводните критични здравствени проблеми.

Измамникот ѝ се претстави на Ана на Инстаграм во февруари 2023 година, испраќајќи ѝ порака во која тврди дека е мајка на Пит и дека нејзиниот син има потреба од „некој како Ана“.

Подоцна, тој почна да и испраќа романтични пораки и ветувања за луксузни подароци. Ана решила да се разведе, а после тоа почнала да испраќа големи суми пари за лекување.

Измамникот тврдел дека не можел да ги користи своите пари поради разводот со актерката Анџелина Џоли.

Кога Ана сфатила дека е измамена, тој продолжил со манипулациите, тврдејќи дека Пит бил во тајна врска со „специјална личност“ и се обидел да изнуди повеќе пари од неа, овој пат претставувајќи се како агент на ФБИ.

Иако случајот е пријавен и истрагата е во тек, организацијата „Find My Scammer“ откри дека истиот измамник сè уште користи лажни идентитети за да продолжи со своите измами, сега претставувајќи се како Кијану Ривс.

Слични содржини