Турски државјанин фатен како криумчари Египќани и Сириец низ Македонија

од Nikola Popovski
34 прегледи

На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(36) од Република Турција, поради тоа што околу 01.30 часот бил забележан како со патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти, петмина од Египет и едно лице од Сирија.

При даден знак од полициските службеници, Ј.Т. не застанал, но по преземени мерки возилото е сопрено во близина на клучката Прдејци кон селото Кованец, гевгелиско.

По целосно документирање на случајот против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

Слични содржини