Се зголемува невработеноста меѓу Французите

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Бројот на Французи кои бараат работа минатата година се зголеми за 3,5 отсто, а состојбата на пазарот на труд особено се влоши во последниот квартал, објавија француските медиуми.

Вкупниот број на невработени на крајот на 2024 година изнесува 3.138.200, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави Француската дирекција за истражување и статистика (Дарес), цитирани од агенциите.

Поголемиот дел од луѓето кои бараат работа се на возраст под 25 години.

Учеството на оваа возрасна категорија на пазарот на трудот скокна за вкупно седум отсто во изминатите 12 месеци, покажуваат податоците на Дарес.

Слични содржини