Путин: Европа ќе ја „свитка опашката“ под Трамп

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп прилично брзо ќе го воспостави редот и дека европските елити „ќе застанат пред нозете на господарот“ и „ќе ја свиткаат опашката“.

„Ве уверувам: Трамп, со својот карактер, со својата упорност… Тој ќе го врати редот таму доста брзо. И сите, ќе видите, брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на господарот и малку ќе си ја свиткаат опашката. “, рече Путин во интервју за Telegram каналот на новинарот Павел Зарубин, пренесе Vm.ru.

Тој додаде дека наскоро „се ќе си дојде на свое место“.

Слични содржини