64
Кошаркарот на Денвер и српски репрезентативец Никола Јокиќ изјави дека поразот од САД на ланските Олимписки игри во Париз е најголемиот во неговата кариера, пренесоа американските медиуми.
Јокиќ потсети на полуфиналето на Олимпијадата во Париз каде Србија беше поразена од селекцијата на САД со резултат 95:91.
„Секогаш велам дека тоа е најголемиот пораз во мојата кариера. Беше интересен натпревар, имав чувство дека сите навиваат за нас, бидејќи сме толку мала земја. Не сум сигурен дали сакаа САД да загубат или ние да победиме“, рече Јокиќ на прес-конференцијата во Сан Франциско, каде кошаркарот на Денвер ќе игра на Ол-стар натпреварот.