Сергеј Лавров изрази сомневање дали европските лидери можат да играат улога во мировните преговори во Украина.
Тој им рече на новинарите дека Европа „веќе имала неколку можности“ да се вклучи во дискусии за завршување на конфликтот и додаде дека не знае што нејзините нации би можеле да донесат на преговарачка маса.
„Ако Европа сака да ја продолжи војната во Украина, тогаш зошто би била поканета?“, праша тој.
Американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе се сретнат со руска делегација во Ријад, Саудиска Арабија, во вторник, потврди портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус.
Блумберг: Трамп сака мир до Велигден
Мировниот договор меѓу Украина и Русија во моментов е главна задача на САД и Доналд Трамп. Неговата администрација се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден или 20 април, пишува Блумберг.
„Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден“, објави медиумот, цитирајќи официјални претставници.