Макрон ги повика Европејците да не им бидат вазали на Трамп и САД

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да го отфрлат „среќниот вазализам“ кон Соединетите држави, особено во светлината на непредвидливоста на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како во однос на ситуацијата во Украина, така и во однос на прашањето за царините.

За време на неговата посета на Лисабон, Макрон ја повика Европа да биде „пообединета и посилна од кога било“ и да ја препознае важноста на ризикот, амбицијата и моќта во соочувањето со предизвиците, пишува францускиот БФМ.

„Европејците мора да бидат обединети и посилни од кога било“, рече Макрон, додавајќи дека тоа бара донесување длабоки стратешки одлуки, особено во технолошките, индустриските и одбранбените прашања.

Слични содржини