75
Луис Хамилтон (40) потпиша договор со Ферари во февруари 2024 година, вреден 50 милиони фунти годишно, а од 1 јануари 2025 година официјално стана член на италијанскиот тим.
Иако е долгогодишен љубител на италијанската кујна, сега се соочува со проблем – премногу пицерии. „Изедов толку многу пица во последните неколку недели“, призна Хамилтон, но веднаш додаде: „Но изгубив тежина!“
Љубовта кон италијанската храна не му е нова – се сеќава на деновите кога заедно со Нико Розберг секоја вечер уживал во пица и сладолед.
Сепак, со новите предизвици во Ферари, Хамилтон мора да внимава на исхраната. „Не можам да јадам пица цела година, инаку нема да ме собере во болидот! заклучи тој.