Министерство за правда: На веб сајтот pravda.gov.mk се објавени Записниците од Комисијата за надзор над примената на одрербите од Судскиот деловник за 2024

од Даниел Ѓорѓиевски
148 прегледи

Министерството за правда информира дека на веб сајтот pravda.gov.mk се објавени Записниците од Комисијата за надзор над примената на одрербите од Судскиот деловник и надзор над спроведување на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите за 2024 година.

“Надзорот не е само процес – тоа е чекор за обезбедување на правичност и транспарентност во судската работа. Од извршениот увид во основните судови и Апелационите судови на може да се заклучи дека:

1. Движењето на предметите во судовите согласно законот се врши преку АКМИС.
2. Распределба и прераспределба на предмети се врши електронски. Не се забележани случаи на рачна распределба на предмети.
3. Изземања на судии се врши според законската процедура и врз законските основи.
4. За секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат образложени одлуки заради отсуство подолго од пет дена.
Надзорот утврди и одреден број на слабости за кои Министерството за правда достави препораки чија реализација ќе ја следи комисијата : -Судовите се соочуваат со недостаток на судии и административни службеници. Судскиот совет да изврши итен избор на судии со цел да се овозможи пополнетост на судовите со судии. Во ниту еден од контролираните судови не е пополнет систематизираниот број на судиски места. Судовите работат со недостаток од стручни соработници, информатичари и архивари. Во дел од судовите нема телефонска централа и не се обезбедени униформи за припадниците на судската полиција. Нема лифтови ниту пристап за лицата со попреченост. Судовите не ги објавуваат редовно на веб страницата програмите за работа, годишните планови, распоредите и други акти со цел да се овозможи поголема транспарентност на работата на судот. Предложени се мерки за решавање на овие проблеми, а комисијата ќе продолжи со следење на нивната реализација. Министерство за правда” стои во дописот од Министерството за правда.

Слични содржини